Јавна дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови?“ (настан: 20-11-2017)


Во рамките на Европската недела за помалку отпад, Ве покануваме на официјалното отворање и воедно јавната дебата „Дали го селектираме отпадот во нашите домови“ во ЕУ Инфо Центарот на  ул. Св. Кирил и Методиј 52-б во Скопје. Целта на дебатата: Отворање на јавен дијалог за управувањето со отпадот во домаќинствата со фокус на искористеното масло за јадење; Развивање на свест за последиците и придобивките од (не)селектирање на отпадното масло за јадење; Поттикнување соработка и вмрежување на клучни фактори на системот; Презентирање на добри практики. Место: ЕУ Инфо Центар Ден: 20.11.2017 Време: 10.00 - 12.00 часот



линк: https://www.facebook.com/events/1960895537463674/