14 дневен предизвик за одржливо живеење (настан: 01-12-2017)


Би сакала да Ве поканам од 1- 14 Декември да се приклучите на првиот предизвик за одржливо живеење во регионот кој Еко-свест го организира со подршка од Шведската амбасада во Скопје.


Драги колешки и колеги,

Би сакала да Ве поканам од 1- 14 Декември да се приклучите на првиот предизвик за одржливо живеење во регионот кој Еко-свест го организира со подршка од Шведската амбасада во Скопје.

14 дневниот предизвик има за цел да стимулира одржливи начини на урбано живеење кои потенцијално можат да го подобрат квалитетот на живот и да влијаат на заштитата на нашата средина. Предизвикот се состои од практикување на мали, но одржливи решенија во секојдневието со фокус на три категории: Храна, транспорт и навики и споделување на овие искуства преку социјалните мрежи.

Во текот на предизвикот споделуваме одржливи навики што сме ги примениле во тој ден со користење на официјалните хаштази #14ДенаОдржливост и #14DaysSustainability.

Искрено се надевам дека сите ќе се приклучите на предизвикот бидејќи ние сме тие кои треба да бидеме пример за останатите.

Ви испраќам и toolkit кој може да го споделувате со колеги кои сметате дека би биле заинтересирани.

Ви стојам на располагање за појаснување.

Поздрав,
Елена

Односи со јавност


линк: http://ekosfera.mk/uploads/documents/document/184/Toolkit_14_day_sustainable_lifestyle_challenge_Skopje.pdf