Јавната расправа за Законот за енергетика (настан: 11-12-2017)


Јавната расправа ќе се одржи на 11.12.2017 година (понеделник) со почеток во 9.00 часот во просториите на Стопанска комора на Република Македонија.


Почитувани колеги и соработници,

Ви ја препраќам информацијата за јавната расправа за Законот за енергетика. Јавната расправа ќе се одржи на 11.12.2017 година (понеделник) со почеток во 9.00 часот во просториите на Стопанска комора на Република Македонија.  

За жал, работната верзија на Законот за енергетика која ќе треба да се дискутира во понеделник сеуште не е достапна, според Министерството за економија ќе биде објавен на https://ener.gov.mk/default.aspx на 07.12.2017. Со оглед на тоа што рокот за консултација и разгледување на законот е неприфатливо кус (само еден работен ден доколку навистина се објави на 07.12), би сакала да Ве повикам во што поголем број да дојдете на јавната расправа за да го истакнеме фактот дека сме организирани и дека правото на учество на јавноста е нарушено со ненавременото објавување на предлог текстот на законот.  

Како што зборувавме на работната група за енергетика во текот на Годишната средба во Струмица, по јавната расправа би објавиле соопштение за печат за да ги известиме медиумите и јавноста за несоодветноста и затвореноста на процесот. Дополнително, истовремено со соопштението за печат, а во согласност со дискутираното во работната група за енергетика во Струмица, ќе ја известиме Енергетската заедница дека правото на учество на јавноста не е испочитувано во однос на овој закон.  

Се надевам дека ќе бидете во можност да присуствувате на јавната расправа.  

Поздрав и убав ден,
Невена




линк: